Seminarski i Diplomski Rad

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Bruto domašen proizvod". Rad ima 16 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.

Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.

Ako tekst koji se nalazi ispod nije čitljiv (sadrži kukice, znakove pitanja ili nečitljive karaktere), molimo Vas, prijavite to ovde.

Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.

 

Средното општинско eкономско училиште “Кузман Јосифоски - Питу”-Прилеп

Тема:

Изработила,

Ивана Tалеска

Прилеп, 2011

Содржина

Вовед...............................................................................................3

Дефинирање на БДП......................................................................5

Видови на БДП...............................................................................7

Мерење на БДП..............................................................................8

Економски изрази на БДП...........................................................10

Фактички потенцијал на БДП……………………………….…11

Концепт на БДП…………………………………………………11

Економски движења во РМ…………………………………….12

Македонската економија во 2011………………………………13

Заклучок………………………………………………….………15

Користена литература………………………………….……….16

Вовед

Резултатите на економските активности на една економија ја сочинуваат производите и услугите кои се нудат на пазарот. Тие во една целина претставуваат домашен производ или национален доход кои во зазлични економии различно се нарекуваат. Домашниот производ и националниот доход имаат и свои компоненти-лична и јавна потрошувачка, акумулација, инвестиции, извоз и др. Постојат две најважни компоненти кои ги покажуваат најдобро економските резултати: бруто домашниот производ и бруто националниот производ.

Растот на бруто домашниот производ популарно наречен економски раст заедно со инфлацијата се основните индикатори за успешноста на некоја економска политика. Во позадината на овие два економски индикатори се наоѓа еден исклучително комплексен и тежок процес на координирање на макроекономските политики, односно момнетарната и фискалната политика, политиката на доходите, структурните реформи, индустриската политика и др.

Економскиот раст значи намалување на невработеноста, зголемување на продуктивноста, раст на расположивиот доход на населението, поголема понуда на стоки и услуги, поголема потрошувачка и сл.

Со еден збор, повисок животен стандард на населението, а тоа е основниот предуслов за задоволни граѓани, а со тоа и повисок бруто домашен производ.

Системот на националните сметки е систем на податоци за секторите на економијата, трансакциите меѓу секторите на економијата и рамка за економската анализа. Во центарот на националните сметки е производството на стоките и услугите, односно бруто-домашниот производ (БДП), кој е главен показател за развиеноста на економијата на секоја држава.

Со податокот за бруто-домашниот производ по жител се врши споредба на развиеноста на државата во однос на други држави, споредба на продуктивноста на трудот и истовремено податок од кој се добиваат податоците за бруто-националниот доход, бруто-штедењето и нето -задолжувањето на државата.

Бруто-домашниот производ (БДП) е финален производ на производната активност на резидентните единици и е збир на бруто-додадената вредност од одделните институционални сектори плус данокот на додадената вредност и царините минус субвенциите на производи.

Бруто-вредност на производството претставува вредност на произведените стоки и извршените услуги во текот на една година, независно дали се тие продадени во целост или дел од нив е ставен на залихи.

БДП ја мери вредноста создадена од производните активности на резидентните институционални единици. Како производни активности се смета производството на стоки и услуги (освем услугите за сопствени потреби) без оглед дали е тоа легално или нелегално, регистрирано или нерегистрирано. Пресметката на БДП базира на концептот на Систем на национални сметки (Sistem of national accounts) за разлика од опшествениот производ кој својата теоретска подлога ја има во концептот на материјално производство.

...

 

-----------------------OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU.--------------------------------------   

www.maturski.org

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL:

[email protected]

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!